Smidgin, првиот македонски џин направен од дива смрека од Галичица!
Џинот е популарен алкохолен пијалок кој својот специфичен вкус го добива од бобинки од смрека. Првично направен како медицински пијалак од монасите и алхемичарите во јужна Франција, Фландрија и Холандија, денес е популарен пијалок со голем број на варијанти и производители.
Она што малкумина го знаат е дека смреката од Галичица е искористена во производството на првиот македонски џин! „Виновникот“ за ова е Иван Скендеровски
Смидџин е македонски крафт џин направен по традиционалната London Dry технологија. Во неговото производство покрај смреката и планински чај од Галичица учествуваат и 12 други билки од различни делови од Македонија кои вообичаено се неизоставен дел на секој добар џин.


SMIDGIN има уникатен вкус кој произлегува од свежата рачно набрана смрека, која отстапува од стандардните на суви смреки кои се продаваат на пазарот. Бобинките од смреки растат диво, во својата природна средина, на планините. Неспоредлив е вкусот што го даваат овие бобинки со вкусот што се добива од бобинките кои доаѓаат од големите индустриски фарми на смрека. Многу посвеж, поинтензивен и неспоредливо многу побогат со есенцијални масла. Планинскиот чај извонредно ја надополнува оваа свежина и заедно со аромите и вкусовите на останатите цитрусни и егзотични растенија, џинот добива навистина посебен карактер.
Амбалажата и форматот на шишето се уникатни, а пакувањето е од материјали кои се рециклираат и не ја загадуваат околината.















